ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ АРМИИ И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РЕЗЕРВНИОТ СОСТАВ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА, РЕЗЕРВЕН СОCTAB, МОДЕЛ, ОДБРАНБЕНА МОЌАпстракт
Западните аналитинари сметаат дека за стабилно- ста на Европа нема закани од надворешна агресија и избивање на општа војна, туку опасност ce регионалните конфликти, етнички судири, организираниот криминал, терористички напади, илегална трговија со воена технологија и слично. Новите облици на загрозување на безбедноста на државите, бараат и нови облици на обука во вооружените сили кои ќе соодветствуваат на колективните напори за спротивставување на таквите загрозувања. Тоа значи дека на европските држави им ce потребни единици за брза интервенција, мобилност на боиштето, обучен и опремен персонал за широк спектар на сценарија од мировна операција до воена, како и логистичка самостојност. Решението на безбедносните проблеми во 21 век е во професионалната армија. Современите мирновременски услови на работење, добрите односи меѓу народите, a пред cé, меѓу соседите, доведуваат до тоа и малите земји, во услови на релативен мир и намалени ризици од евентуален напад од надвор, повеќе внмание да му посветат на преструктуирањето на сопствените војски. За малите земји, особено посиромашните голем проблем ce трошоците, така што земјите кои може да имаат Големи воено - обврзнички организации, финансиски може да си дозволат мали професионални сили кои ќе бидат добро опремени и обучени. Економската моќ на државата ги одредува повеќето параметри на општеството, па и одбраната, a голем дел од земјите во Европа од промените излегоа со тешки последици по нивната економија што ce рефлектира и на одбранбената моќ. Колективната одбрана против овие и други загрозувања, ги вклучува и малите земји и оние со послаба економска моќ, кои исто така прават напори да ги трансформираат своите воени организации за истите да може да одговорат на новите предизвици. Иако во професионализирањето на армиите предничат поразвиените држави, посебно членките na ΗΑΤΟ, поради своите развиени технолошко - воени комплекси, намалувањето на воените обврзници и зголемениот степен на професионални војници и во помалите демократски држави не е за запоставување.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Зорица Салтировска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.