НЕВРОПЛАСТИЧНОСТ: СТРУКТУРНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ПРОМЕНИ ВО МОЗОКОТ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА И ПОСТПАРТАЛНИОТ ПЕРИОД

Автори

  • Даниела Неделкова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

мајчински мозок, невропластичност, бременост, постпартален период

Апстракт

Терминот „мајчински мозок“ често се поврзува со когнитивно опаѓање, но современите невронаучни истражувања укажуваат на спротивното: мајчинството претставува период на интензивна невропластичност и когнитивна реорганизација. Овој труд ги разгледува структурните и функционалните промени во мозокот за време на бременоста и постпарталниот период, со акцент на региони вклучени во социјална когниција, емоционална регулација и мотивација за грижа. Намалувањата во сивата маса што се јавуваат во текот на бременоста и постпартално се интерпретираат како белег на невронска специјализација и функционално усовршување на мозочната кора. Постпартално се бележи функционално засилување на мозочните мрежи, што се поврзува со подобрување на социјалната когниција и зголемена респонзивност кон новороденчето. Трудот предлага пренасочување на јавниот и научниот дискурс од наратив на дефицит кон еволуциска перспектива и валоризација на невропластичноста.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

НЕВРОПЛАСТИЧНОСТ: СТРУКТУРНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ПРОМЕНИ ВО МОЗОКОТ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА И ПОСТПАРТАЛНИОТ ПЕРИОД. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 277-293. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)