ПОЛИТИЧКИТЕ СТАВОВИ НА МИЛАН ГРОЛ И ДЕМОКРАТИТЕ КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО ПЕРИОДОТ 1940 – 1945 ГОДИНА

Автори

  • Борче Илиевски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

Милан Грол, Љубомир Давидовиќ, Демократска партија, Кралство Југославија, Македонија, Авнојска Југославија

Апстракт

Во текстот се анализираат политичките ставови и погледите на Милан Грол како претседател на Демократската партија во периодот од 1940 година кога тој го презема водството на партијата, до 1945 кога поднесува оставка во Владата на ДФ Југославија и се повлекува од политичкит живот. Се проследуваат и иницијативите и размислувањата на Грол како министер во емигрантските влади во Лондон, како и на повеќе негови политички истомисленици, но и противници, за повоеното уредување на Југославија, за позициите на Србија, како и за статусот на Македонија во рамките на идната српска територијална единица. Од записите во дневникот воден во Лондон во периодот 1941 – 1945 година јасно се гледа неговиот став дека Македонија би можела да има само одреден самоуправен статус во рамките на Србија. Ваквата политичка определба Грол ја застапувал во континуитет од триесеттите години на XX век, сè до крајот на неговото активно политичко делување во 1945 година.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

ПОЛИТИЧКИТЕ СТАВОВИ НА МИЛАН ГРОЛ И ДЕМОКРАТИТЕ КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО ПЕРИОДОТ 1940 – 1945 ГОДИНА. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 121-137. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)