НАСЛЕДСТВОТО НА ФРИЦ ЈАР И МАКЕДОНСКАТА БИОЕТИКА

Автори

  • Дејан Донев Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

биоетика, биоетичко образование, Јар, живот, живеење, научни активности

Апстракт

Во 1785 година, Кант само побара „да го почитуваме секое живо суштество во принцип како цел сама по себе и, ако е можно“, (да) „да го третираме како такво!“. Додека „Светоста на моралниот закон“ беше основа за Кантовиот категоричен императив, за биоетичкиот императив на Фриц Јар, тоа беше „Светоста на животот“, т.е. сочувство со сите форми на живот и заедничко живеење.
Имајќи го или не, ова предвид, оваа теоретска основа за биоетичко размислување, во 1971 година (кога во светот се појавува името и практиката на биоетиката), нашиот проф. Павао Вук-Павловиќ, во своето последно универзитетско предавање, на студентите на Филозофскиот факултет во Скопје им остави аманет: „Грижете се за живите и создавајте со љубов: Сакајте го животот!“. И со ова се посеа семето за академски истражувања и испитувања за биоетичката чувствителност и околу биоетиката, но истото не беше препознаено и остана неразвиено во тоа време.
Од денешна перспектива, за разлика од многу соседни земји на Балканот, во Македонија не зборуваме за биоетиката како развиена дисциплина или како дел од научните активности и истражувања, уште помалку како систематски дел од образованието, вклучувајќи го и биоетичкото образование, сѐ до скоро, до пред 10 – 15 години и сѐ уште со големи тешкотии и препреки. Во меѓувреме, дали ние имаме каква било трага во смисла на историја за биоетичките напори за истражување од 1971 година или порано? Уште повеќе, каква иднина имаме за следните генерации и истата идна генерација? Што се случи во Македонија со наследството на Јар и неговиот биоетички императив?

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

НАСЛЕДСТВОТО НА ФРИЦ ЈАР И МАКЕДОНСКАТА БИОЕТИКА. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 9-21. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)