СОЦИЈАЛНО-ЕТИЧКАТА МИСЛА НА БОГОМИЛИТЕ
Abstract
Историјата на македонскиот народ е навистина богата со пред сѐ џиновски фигури. Прилогот е посветен на еден таков џин - попот Богомил, на духовниот извор и инспирација на етичкото во/кај богомилите. Се работи за философија која се јавува како нов антрополошки пресврт во философското познание, после оној на Сократ. Имено, човекот одново е центарот на создавањето и од неговиот морален избор како избор на човек – граѓанин, а не поданик или безимен член на соодветната црковна заедница, зависи будноста на Вселената, како и постојниот општествен ред. Едновремено, идејата е и да се даде дополнителен и издржан прилог во иследувањето и афирмацијата на социјално-етичката мисла и дејство на богомилството, многу суштествени, а подзаборавени, за нашиот национален бит.