СИСТЕМ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ЦРНА ГОРА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА, БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТИТУЦИИ, КООРДИНАЦИЈА, КОНТРОЛА, ЦРНА ГОРААпстракт
Република Црна Гора е приморска држава која ce наоѓа во Југоисточна Европа и ce граничи со Србија, со Хрватска, со Босна и Херцеговина, со Албанија и со Косово. Според едни извори, името Црна Гора ce врзува за средниот век кога планината Ловќен и нејзините предгорја, како и подрачјето на староцрногорските планини биле покриени со густа „црна“ шума. Црна Гора за првпат ce споменува во 1276 година од кога постепено ce заменуваат старите називи за оваа географска и државна област Дуклјa и Зета. Според други извори, името Црна Гора за првпат ce спомнува во XV век, no доаѓањето на династијата Црнојевиќ на престолот на поранешната српска држава Зета. Тоа подрачје во 1496 година потппаднало под османлиска власт и
влегло во состав на Скадарскиот санџак. По серијата востанија, црногорските племиња во XVI век ce избориле за автономија, a од втората половина на XVII век и фактичка самостојност на својата планинска територија. Оттогаш, Црна Гора имала внатрешно теократско уредување бидејќи на чело на световната власт биле цетинските митрополити-владики. До трансформација на земјата во секуларна кнежевина доаѓа ео 1852 година, a на Берлинскиот конгрес одржан во 1878 година на Црна Гора и е признат статусот на независна држава.
Црна Гора, од 1918 до 1991 година била во состав на Југославија (Кралството СХС, ФНРЈ, СФРЈ). По распаѓањето на СФРЈ од 1992 година до 2003 година Црна Гора беше конститутивен елемент на Сојузна Република Југославија, a од 2003 до 2006 година во состав на Државната заедница Србија и Црна Гора. Референдум за независност на Црна Гора беше одржан на 21 мај 2006 година. Овој референдумот го поддржаа повеќе од
55% од граѓаните на Црна Гора што беше услов на Европската унија дa ja потврди и дa ja признае нејзината независност. Повикувајќи ce на резултатите од гласањето за референдум, Црна Гора свечено својата независност ja прогласи на 3 јуни 2006 година. Италијанските извори ja именуваат оваа држава како
Montagna Negra, Montenegro или Monte Negro u оттука е и денешниот називот Montenegro кој е влезен во западноевропските јазици.
Површината на црногорската територија изнесува 13.812 км . Крајбрежната линија изнесуеа 293,5 км, од кои 52 км ce протегаат на плажа. Според податоците од јули 2009 година, Црна Гора има околу 672,180 жители. Бруто-домашниот производ во 2008 година изнесувал 6,83 милијарди УСД. Брутонационалниот производ no глава на жител за 2008 година изнесувал 10.100 УСД.
Според Уставот, Република Црна Гора е граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјалната правда заснована на владеењето на правото. Во согласност со начелата и практиката на современите парламентарни држави, во Црна Гора, Собранието (Skupština) како законодавна гранка на власта, дејствува автономно и во меѓусебна рамнотежа со другите гранки на власта (извршна и судска). Извршната власт ja врши Владата, a судската власт ja остваруваат судовите.
Република Црна Гора е членка во голем број меѓународни организации како: ООН, ОБСЕ, Советот на Εвροпα, Партнерството за мир (PfP), Евроатланскиот партнерски совет-ЕАПС, УНЕСКО, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската здравстеена организација, Интерпол u други значајни меѓународни и регионални организации. Моментално, Црна Гора интензивно работи и очекува во наредните години да добие статус на
полноправен член на НАТО, a очекува да добие кандидатски статус во ЕУ за да отпочне преговори за придружување во Εвροпската унија.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Оливер Бакрески

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.