СВЕТИОТ ПРОСТОР И СВЕТОТО ВРЕМЕ ВО ТЕОРИЈАТА ЗА РЕЛИГИЈАТА НА МИРЧА ЕЛИЈАДЕ

Автори

  • Марија Тодоровска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1669023t

Клучни зборови:

СВЕТО, ПРОСТОР, ВРЕМЕ, СМЕСТУВАЊЕ, ПОЧЕТОК, ОСКА, ЦЕНТАР

Апстракт

Во текстот ce прикажани категориите на просторот и на времето преку дихотомијата свето-профано и преку карактеристиките на верувањето на религиозниот човек ео светото ео теоријата на Мирча Елијаде. Светиот простор е поважен од профаниот, тој е хетероген, влегувањето во него подразбира влегување во подрачје со специфичен и супериорен онтолошки статус. Сместувањето во светот за примордијалниот и за современиот верник е преку ориентирање со помош на сеетото како центар, како оска (оттука и верувањата во
„оската на ceemom“ и во симболиката на центарот), обезбедувач на безбедна средина, создавач на космос. Митовите како свети сказни раскажуваат за космогонијата, која подразбира топогонија, a со нивната ceemocm и перформативни моќи имаат способност дa ja реактуализираат состојбата на иницијалното излевање на светото, на дејствувањето на светите предци или божествата. Така, понатамошно сместување подразбира мимезис на иницијалното диференцирање и структурирање на елементите нa cвemom. Реактуализирањето на космогонијата, покрај подражавање на топогонијата, подразбира и навраќање во светото време на Почетокот. Светото време е исто така нехомогено, и религиското поеикување на светоста од „она време“ (како што го нарекува Елијаде) значи прекин на профаното траење и еоведување на време кое не поминува, но кое има способност da ja обновува стварноста на верникот ео култот.

Преземања

Објавено

2016-12-16

Како да се цитира

СВЕТИОТ ПРОСТОР И СВЕТОТО ВРЕМЕ ВО ТЕОРИЈАТА ЗА РЕЛИГИЈАТА НА МИРЧА ЕЛИЈАДЕ. (2016). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 69(1), 23-43. https://doi.org/10.37510/godzbo1669023t

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>