ПОЛИТИКА НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТАЛИЈА

Автори

  • Оливер Бакрески Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2073235b

Клучни зборови:

БЕЗБЕДНОСТ, НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, ПОЛИТИКА, БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА, ИТАЛИЈА

Апстракт

Безбедносната политика на Република Италија служи како клучна рам-
ка за реализирање на фундаменталните интереси во државата. Нема сомнева-
ње дека безбедносната политика на Италија има специфично место со оглед на
тоа дека таа ги обединува вкупните напори во државата за адекватен одговор на
заканите. Несомнено тоа придонесува за обликување мерки од безбедносен ка-
рактер, за дејствување на безбедносниот сектор во уставно дозволената рамка.
Безбедносната политика истовремено овозможува политичките цели да пре-
раснат во политичка безбедносна доктрина со која ќе се настојува да се проду-
цира оптимален концепт и стратегија на постапки заради остварување на по-
ставените цели. Сложеноста, променливоста и меѓусебната условеност на без-
бедносниот систем и на безбедносната политика е причина што на едно место
се анализирани овие два сегмента во Италија. Анализата е поткрепена со многу
прашања и аналогно на тоа и со многу одговори поврзани со креирањето на без-
бедносната политика и условите во кои се остварува.

Објавено

2020-12-16

Како да се цитира

ПОЛИТИКА НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТАЛИЈА. (2020). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 73(1), 223-245. https://doi.org/10.37510/godzbo2073235b

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>