НЕОДЛУЧНОСТ ПРИ ИЗБОРОТ НА КАРИЕРА

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2073195bs

Клучни зборови:

НЕОДЛУЧНОСТ, ИЗБОР НА КАРИЕРА, СТРУКТУРА

Апстракт

Во овој труд е даден преглед на неодлучноста при изборот на кариера како комплексен и мултидимензионален конструкт којшто е во фокусот на истражувањата во областа на вокациската психологија. Во воведниот дел е дадена
една од најчесто наведуваните дефиниции во литературата, како и непријатните состојби што може да ги предизвика. Потоа следува приказ на начинот на
којшто овој конструкт е интегриран во дел од теориите за избор и развој на кариера, по што се соопштени емпириски наоди за структурата на неодлучноста при изборот на кариера и нејзините извори од когнитивна и емоционална
природа. Објаснета е и дистинкцијата на кариерната неодлучност од нерешителноста како црта на личноста и разликата помеѓу развојната, хроничната
и акутната неодлучност. На крајот е истакната важноста на оваа појава и за
практиката, односно во професионалната ориентација и советувањето за кариерата.

Објавено

2020-12-16

Како да се цитира

НЕОДЛУЧНОСТ ПРИ ИЗБОРОТ НА КАРИЕРА. (2020). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 73(1), 183-204. https://doi.org/10.37510/godzbo2073195bs

Најчитани трудови од истиот автор(и)