НАЧИНИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ОБЛАСТИТЕ РАБОТА И СЕМЕЈСТВО: КЛАСТЕРСКА АНАЛИЗА НА ПРИМЕРОК НАСТАВНИЦИ ВО ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

  • Билјана Блажевска Стоилковска
  • Ана Фрицханд

Abstract

Целта на оваа експлораторна студија беше да се идентификуваат стилови на управување со областите работа и семејство врз основа на четири димензии на флексибилноста на границата помеѓу работата и семејството и два типа премини помеѓу работата и семејството како карактеристики што овозможуваат да се направи разграничување/дистинкција помеѓу овие два домена. Примерокот во истражувањето го сочинуваа 143 наставници во основно, средно и високо образование (жени =99, просечна возраст=42,50±9,74 години).

Со примена на кластерска анализа беа идентификувани два кластери како показатели на два начини на управување со границата помеѓу работата и семејството. Првиот кластер се карактеризираше со потпросечно изразена можност за флексибилност на работата/работните задолженија и просечно изразена подготвеност за флексибилност во доменот на работата, со натпросечна подготвеност за флексибилност во областа на семејството и релативно високо изразена можност за флексибилност на семејните одговорности, многу ниска фреквенција на премини од работата во семејството и повремени премини од домакон работата. Каракетристики на вториот кластер се доби дека се високо изразена можност и подготвеност за флексибилност во работата, релативно високо оценета подготвеност за флексибилност на семејните обврски, силно изразена можностза флексибилноство доменот на семејствотото, повремени премини од доменот на работата во доменот на семејството и почести транзиции од семејствотокон работа.

Понатамошните анализи направени да се истражат карактеристиките на двата кластера покажаа дека 82,7% од наставниците во средните училишта и 87,5% од наставниците од основните училишта се групирани во кластерот 1, додека повеќето од универзитетските наставници (81,8%) инклинираат кон кластерот 2. Во кластер 1 дистрибуцијата на мажи и жени беше еднаква, додека во калстер 2 се доби дека преовладуваат жени. Се доби дека двата кластера се разликуваат во задоволството од работата и конфликтот на семејството со работата, додека разлики во однос на задоволството од животот, конфликтот на работатасо семејството, возраста и бројот на деца не беа регистрирани.

Може да се заклучи дека кластерот/профилот 1 се карактеризира со умерена контрола над границата на областа работа, додека кластерот 2 упатува на реактивен профил со флексибилни и пропустливи граници на двата домени, работата и семејството.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Блажевска Стоилковска, Б., & Фрицханд, А. (2023). НАЧИНИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ОБЛАСТИТЕ РАБОТА И СЕМЕЈСТВО: КЛАСТЕРСКА АНАЛИЗА НА ПРИМЕРОК НАСТАВНИЦИ ВО ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ . Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 347-360. https://doi.org/10.37510/godzbo2376347bs