МОБИНГ И СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/godzbo2477683abКлучни зборови:
мобинг, сексуално вознемирување, работно место, Северна МакедонијаАпстракт
Мобингот се дефинира како психолошко вознемирување кое се случува
преку повторени активности насочени кон деградирање на работникот по раз-
лични основи и претставува значајно прекршување на човековите права и дос-
тоинство. Тој негативно влијае на физичкото, менталното и на социјалното
здравје, истовремено попречувајќи ја професионалната иднина на жртвата.
Сексуалното вознемирување на работното место вклучува непожелни
сексуални напредувања, барања за сексуални услуги и други форми на вербално
или на физичко однесување од сексуална природа. Таквото однесување резултира
со непријатна работна средина, што го прави предизвик за жртвата да ја извр-
шува својата работа ефикасно.
Овој труд го објаснува концептот на мобинг, особено фокусирајќи се на
неговата манифестација како сексуално вознемирување на работното место.
Понатаму, во трудот се презентираат релевантни статистички податоци за
мобингот во светот и во нашата земја. Конечно, трудот ги дискутира резул-
татите од анкета спроведена во 2023 година за свесноста за мобингот и сексу-
алното вознемирување на работното место во Република Северна Македонија.