КООРДИНАЦИЈА НА СИСТЕМОТ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Автори

  • Оливер Бакрески Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ФРАНЦИЈА, ОДБРАМБЕНА ПОЛИТИКА, ОДБРАНБЕНИ ИНСТИТУЦИИ, КООРДИНАЦИЈА, КОНТРОЛА

Апстракт

Република Бугарија е држава која го зазема источниот дел на Балканскиот Полуостров и ce граничи со Романија, со Турција, со Србија, со Македонија и во еден дел излегува на Црното Mope. Површината на бу- гарската територија изнесува 110.994 km2, a бројот на жители во 2008 година изнесувал 7.204.689'. Бруто-домашниот производ во 2008 година изнесувал 49,430 ммлијарди УСД. Бруто-националниот производ по глава на жител за 2008 година изнесувал 13.200 УСД.
Релублика Бугарија станала независна држава на 3 март 1878 година. До независноста била под Отоманската Империја. Од крајот на Втората светска војна егзистирала како Народна Република Бугарија и била членка на Варшавскиот договор под непосредно влијание на Советскиот Сојуз. По распаѓањето на Варшавскиот договор и на Советскиот Сојуз, Бугарија ce определила за постепено, но трајно приближување кон европските и евро- атлантските структури со цел потполна интеграција во овие структури.
Од 1991 година Република Бугарија е парламентарна демократска република на чие чело ce наоѓа претседател. Власта е поделена на законодавна, на извршна и на судска. Законодавната власт ja има Народното собрание, чии 240 пратеници ce избираат на четири години на непосредни избори. Извршната власт и е доделена на Владата, односно на Советот на министри, на чие чело ce наоѓа премиер, кој заедно со членовите на Владата ce избрани од Народното собрание. Судската власт ja врши Врховниот суд, административниот суд и други судски органи.
Бугарија е членка на повеќе регионални и меѓународни организации (ООН, ОБСЕ, Меѓународниот монетерен фонд, Светската здравствена организација, Интерпол и др.). На Самитот во Прага во ноември 2002 година Релублика Бугарија доби покана да започне разговори за приклучување кон НАТО. Комплетната процедура заврши во алрил 2004 година во Вашингтон кога Република Бугарија ce стекна со статусот на полноправен член на НАТО. Бугарија ja претстави својата кандидатура за членство во Европската унија на 14 декември 1995 година. Релублика Бугарија стана членка на ЕУ во 2007 година.

Објавено

2009-12-16

Како да се цитира

КООРДИНАЦИЈА НА СИСТЕМОТ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА. (2009). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 62(1), 419-430. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>