АНДРЕА ПАЛАДИО (1508-1580) И СЛИКАРСКОТО ИСКУСТВО НА КЛАСИЧНАТА АРХИТЕКТУРА

Автори

  • Татјана Филиповска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

АНДРЕА ПАЛАДИО, РЕНЕСАНСА, КЛАСИЧНА AРХИТЕКТУРА, ВИТРУВИЈ, РИМ, ВЕНЕТО, ВИЧЕНЦА, СЛИКАРСТВО

Апстракт

Големиот јубилеј- 500 години од раѓањето на големиот ренесансен архитект Андреа Паладио продолжува да ce слави со различни активности и оваа година и да го актуелизира неговото значење во европкски и светски рамки. И ако предмет на бројни истражувања, формулата за безвременоста и огромниот успех на неговата архитектура, имитирана низ столетијата до денес, е вистинска енигма. Ce поставува прашањето дали тој ја прочисти, поедностави и најпосле на специфичен начин примени класичната теорија за пропорциите
и модуларното градителство на Витрувиј, одговарајќи со тоа на потребите на своето време ? Но, неговото едноставно, а сепак алхемиско решение ги надминува временските граници на неговото доба и допира до нашето. Можеби одговорот ce наоѓа во фактот дека Паладио не е само архитект, туку по сензибилитетот и сликар, чувствителен на светлоста и нејзините ефекти. Оттука не изненадува неговата блискост со сликарите на неговото време, од кои некои биле негови соработници, како Паоло Веронезе. На Паладиевата безвременска класична архитектура нема да останат рамнодушни ни сликарите на XVIII век, особено Каналето, Ѕукарели, Гварди, Пиранези и многу други.

Преземања

Објавено

2009-12-16

Како да се цитира

АНДРЕА ПАЛАДИО (1508-1580) И СЛИКАРСКОТО ИСКУСТВО НА КЛАСИЧНАТА АРХИТЕКТУРА. (2009). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 62(1), 327-350. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)