СОВРЕМЕНО ДИДАКТИЧКО-МЕТОДИЧКИ ДИЗАЈНИРАНИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

  • Елизабета Томевска Илиевска
  • Мартина Трајковска

Abstract

Целта на овој труд е насочена кон испитување на образовните потреби и дидактичките компетенции на наставниците за подготовка и користење на дидактичко-методичките наставни материјали во наставата по предметот Македонски јазик за програмските подрачја Почетно читање и пишување и Јазик (прво, второ и трето одделение), а сè со цел да се подобри наставата по Македонски јазик.

За успешна реализација на целите/стандардите за оценување предвидени во програмските подрачја Почетно читање и пишување и Јазик од прво до трето одделение, потребна е соодветна подготовка, примена и класификација на наставните материјали кои ќе послужат како своевидна наставна поддршка за наставниците, но и за учениците, при што ќе им помогнат при изучување на кириличните и латиничните букви, пишувањето и читањето со нив, јазичните и правописните правила, како и примена на правописните знаци.

Во наставната практика постои потреба од дидактичко-методичко дизајнирање на наставните материјали во рамките на програмските подрачја Почетно читање и пишување и Јазик, почитувајќи современи методички, методолошки и докимолошки принципи. Од таа причина испитувањето на ставовите и на образовните потреби на наставниците, како непосредни реализатори на наставата, методолошка е оправданоста за нивно вклучување како посебен истражувачки суппримерок.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Томевска Илиевска, Е., & Трајковска, М. (2023). СОВРЕМЕНО ДИДАКТИЧКО-МЕТОДИЧКИ ДИЗАЈНИРАНИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 169-184. https://doi.org/10.37510/godzbo2376169ti