ТЕОРИСКО-ПОЈМОВНИ АСПЕКТИ ВО КОНЦИПИРАЊЕТО НА МЕТОДИКАТА НА ВОСПИТНА РАБОТА КАКО ПЕДАГОШКА ДИСЦИПЛИНА

  • Анета Баракоска
  • Катерина Митевска Петрушева

Abstract

Суштината на педагогијата како наука е во проучувањето и унапредувањето на воспитанието и воспитниот процес како составен дел од општествената стварност. Теоријата на воспитание, општата педагогија и методиката на воспитна работа, се научни дисциплини кои најдиректно се поврзани со проучувањето на воспитната работа и ја претставуваат теоретската и методичка основа во нејзиното остварување. Воспитната работа ја дава суштината на целокупната воспитнообразовна дејност и во себе ги обединува знаењата, способностите, ставовите, уверувањата и вредностите на личноста, а нејзините резултати се огледуваат во изградување на единствена, уникатна и неповторливаличност наученикот. Во овој труд фокусот е на методиката на воспитна работа, како педагошка дисциплина која најтесно е поврзана со остварувањето на воспитната работа. Целта е преку анализа на основните теориско-појмовни аспекти да се нагласи нејзината улога во севкупниот воспитно-образовен процес. Исто така, земајќи ја предвид комплексноста на воспитната работа и тешкотиите во вреднувањето на крајните резултати, се посочува можноста за примена на таксономијата на афективното учење во процесот на вреднување. На крајот се посочуваат прашања кои се особено актуелни во педагошката наука, но кои заради терминолошките неусогласености не се доволно препознаени како прашања од областа на методиката на воспитна работа.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2023-12-16
How to Cite
Баракоска, А., & Митевска Петрушева, К. (2023). ТЕОРИСКО-ПОЈМОВНИ АСПЕКТИ ВО КОНЦИПИРАЊЕТО НА МЕТОДИКАТА НА ВОСПИТНА РАБОТА КАКО ПЕДАГОШКА ДИСЦИПЛИНА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 109-123. https://doi.org/10.37510/godzbo2376109b