СЕРВИСИ ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ВИЗИЈА И РЕАЛНОСТ

  • Андон Дамовски Служба за самостојно живеење со поддршка во заедницата - Скопје Service for independent living with support in the community – Skopje
Клучни зборови: социјални сервиси, социјална заштита, социјална политикa, лица со пречки во интелектуалниот развој

Апстракт

Системот на социјална заштита на инвалидизираните лица во
Република Македонија до нејзиното осамостојување генерално се
спроведуваше преку медицински модел и развиен систем на
институционална заштита. Непосредно со реформите во системот на
социјална заштита во Република Македонија (по утврдувањето на
независноста), се развива и унапредува системот на социјална
заштита на инвалидизираните лица во нивното место на живеење.
Процесот на реформи во полето на социјалната заштита се воведува
во 2003 година, со донесување на одредени мерки, а дел од
политиките за социјална заштита се утврдуваат во 2004 година како
резултат на законските иницијативи.
Со новите законските иницијативи и акти се создаваат
радикални промени во доменот на социјална сфера преку воведување
на нови решенија. Социјалните реформи се засноваат на три нови
принципи во социјалната заштита (децентрализација, социјално
вклучување и плурална социјална заштита ), со цел зајакнување и прилагодување на македонскиот систем кон европските и
меѓународните стандарди .
Приближувајќи се кон еврпските и меѓународните концепти
Министерство за труд и социјална политика, во своите политики и
стратегии започна со процесот на трансформација на јавните услуги
на социјална заштита на лицата со пречки во интелектуалниот развој
преку процесите на децентрализација, деинституционализација,
приватизација како и спроведување заеднички проекти со невладини
организации кои работат во доменот на социјалната заштита.
Во овој труд ќе се анализираат активните локалните политики
за лицата со интелектуална попреченост, како и можностите и
капацитетите на локалната самоуправа за отворање на сервиси за
овие лица во заедницата, земајќи ги предвид горепосочените
принципи во социјалната заштита

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2015-11-02