СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО ЛУЃЕ КОИ ЖИВЕАТ СО ХИВ (ЛЖХИВ) ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Румена Ѓердовска ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни заболувања и фебрилни состојби, Скопје

Апстракт

Повеќе од 30 години светот се соочува со предизвикот
наречен ХИВ/СИДА. Ако 80-тите години на минатиот век беа години
на мистерија, страв и смрт поврзани со болеста, новиот милениум
донесе една нова надеж за сите луѓе кои се погодени од болеста. И
додека во 90-тите години на 20. век во европските земји и светот
воопшто, социјалните работници биле во првите „борбени редови“ во
справувањето со ХИВ епидемијата, во Република Македонија едвај
се појавувале првите активисти и волонтери кои пружале помош и
поддршка на пациентите и нивните семејства .

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2015-11-02