НА ПАТОТ КОН ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СФЕРА

  • Даниела Станојковска ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје
  • Татјана Ристова Димова ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје
Клучни зборови: професионалци, професионални компетенции, лиценцирање, континуиран професионален развој, етички кодекс

Апстракт

Современиот развој на науката и технологија, постојаните
организациски промени во општествата, како и зајакнувањето на
самостојноста на нашата земја, доведе до забрзана
професионализација на сè повеќе професии. Оттука, произлегуваат и
сè поголемиот број на промени, кои доведуваат до зајакнување на
компетенциите на сите професионалци, вклучени во социјалната
сфера, што пак има влијание врз подигнувањето на квалитетот на
социјалните услуги.
Достигнувањето и поседувањето квалитет во секојдневната
работа е поврзано со поседување многу лични квалитети на
поединецот, односно професионалецот, но и со бројни процеси во
самото општество, кои овозможуваат коренити промени, во начинот
на размислување и професионално делување на самиот
професионалец.
Со првите законски измени во Закон за социјалната заштита,
во 2009 година, во тој правец, односно со воведувањето на
задолжителниот процес на лиценцирање на стручните работници, се
започна процесот на професионализација во социјалната сфера. Но,
лиценцирањето е само една алка во синџирот на
професионализацијата. Воведувањето и почитувањето на етичкиот
кодекс на професионалците, континуираниот процес на професионална едукација, стандардизацијата на процедурите и
постапките во секојдневната пракса, мотивацијата за работа и
поседувањето на одговорност за човечките судбини, почитувањето на
колегите и градењето на односот кон нив, но и примената на
рефлесијата, односно рефлексивната пракса во секојдневната работа
на професионалците во социјалната сфера, има свое влијание врз
подигнувањето на квалитетот на услугите, наменети кон крајните
корисници.
Сето ова е особено важно во работата на професионалците во
социјалната сфера, бидејќи секојдневно тие имаат посебно важна
улога, во подобрувањето на квалитетот на живеење и секоја нивна
одлука, може засекогаш да го промени животот на нивите корисници,
во еден или друг правец.
Но, прифаќањето на прогресивните промени е најголемиот и
најгласниот чекор на секој професионалец, кон подобра и
поквалитетна дејност. Така и нашите професионалци, се среќаваат со
бројни предизвици и дилеми, кои бараат од нив силни заложби на
патот кон постојано надоградување на професионалните
компетенции во социјалната сфера. 

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2015-11-02