ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД И СИРОМАШТИЈАТА ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
Апстракт
Современата општествена стварност и покрај сериозните
настојувања сè уште не успеа да дојде до одговорите на сетот на
прашања поврзани со сиромаштијата, невработеноста и
социјалната исклученост. Нееднаквоста на глобално ниво не само
што е присутна на светската сцена туку истата сè повеќе се
продлабочува. Па оттаму, често се говори за делби на големи и
мали, на моќни и инфериорни, со еден збор делби на сите нивоа.
Современото општество и општествената стварност
одбележани со процесот на глобализација и неговите влијанија сè
уште не успеаја да се справат со прашањето на сиромаштијата,
невработеноста, а со тоа и на социјалното исклучување на дел од
населението. Процесот на глобализација нуди мноштво од
можности кои воглавно се привилегии кои се користат пред сè од
припадниците на богатиот како и средниот општествен слој.
Поголемиот дел од придобивките од процесот на глобализација не се
достапни на припадниците на нискиот општествен слој.
Глобализацијата како процес до моментов не успеа да пронајде
решение на повеќе значајни сегменти од општественото живеење, а
во тој контекст и на планот наподобрување на социоекономската
состојба на најзагрозените општествени групи, односно
припадниците на нискиот општествен слој. Процесот на
глобализација преку своето делување дополнително ги афирмираше
вредностите на потрошувачката култура и нејзината пожелност како составен дел од современиот начин на живеење. Истиот
дополнително ги маргинализира и социјално го исклучи сиромашното
население кое не е во можност да го постигне пожелниот начин на
живот и евентуално нивно интегрирање како на локален така и на
глобален план имајќи го предвид „тајниот лавиринт“ во кој се наоѓа
сиромашниот слој предодреден за континуиран безизлез. Во оваа
смисла се поставува прашањето дали сиромаштијата би можеле да
ја сведеме или споредиме со „хронична болест“.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.