СУПЕРВИЗИЈА НА СТУДЕНТИТЕ НА ПРАКСА

  • Верица Стаменкова Трајкова Универзитет,, Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Филозофски факултет Институт за социјална работа и социјална политика ,,Мајка Тереза“
Клучни зборови: супервизија, супервизор, искуствено учење

Апстракт

Искуственото учење во текот на додипломските студии, кое се
реализира низ студентската пракса, иако има клучна улога во нивното
образование, сè уште не го добило своето право место и улога во
подготовката на студентите за нивната професија. Причините за тоа се
повеќестрани. Прво, факултетите се соочуваат со проблемот да пронајдат
соодветни институции за пракса на нивните студенти.Второ, институциите
се соочуваат со недоволен простор да примат поголем број студенти и
недоволен број вработени што ги ограничува нивните можности да им
обезбедат ментори на студентите.Трето, во институциите нема обучен
кадар за водење и супервизирање на студентите во текот на нивната пракса.
Најголем број од менторите се нашле во улога на инструктори сосема
случајно. Сето тоа доведува до недозволено формализирање на оваа
особено важна едукативна активност при која студентите ја „доживуват“
иднината на својата професија. Студентите се незадоволни од начинот на
кој се третира и спроведува нивната пракса, и најчесто бараат начин како и
на кој начин да ја избегнат, а сепак да добијат потребна „потврда“. Целта
на овој труд е да го истакне значењето на студентската пракса, искуствата
и мислењето на студентите за ова едукативна дејност и оспособеноста на
теренските инструктори, кои имаат најважна улога на „патот од
некомпетентниот, неквалификуван студент до создавање компетентен и
квалификуван практичар“.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2015-11-02