Анализа на aктивните мерки на пазарот на трудот во рамките на Националната служба за вработување (НСВ) на Албанија: примерот на НСВ Тирана

Клучни зборови: Национална служба за вработување (НСВ), Албанија, жени, млади жени, активни политики на пазарот на трудот (Аппт)

Апстракт

И покрај својот економски растеж од изминатите декади, Албанија сеуште бележи високи стапки на невработеност, посебно кај жените и младите, што го потврдуваат и годишните извештаи на Албанскиот институт за статистика. Промовирањето на поголемо учество на жении млади на пазарот на трудот е од суштинска важност за Албанија. Секторската Стратегија за вработување за периодот 2007-2013 год. се фокусира на јакнење на капацитетите на Националната служба за вработување (НСВ) за спроведување на активни и пасивни програми на пазарот на трудот. Еден од главните приоритети на политиките на реформа на пазарот на трудот е преориентирање на НСВ кон давање на услуги – планирање, изготвување,следење и евалуација на активните политики на пазарот на трудот(Аппт) со фокус на категории на лица кои се под ризик од исклучувањеод пазарот на трудот. Целта на овој труд е да прикаже како Аппт во Албанија допираат и одговараат на потребите на целните корисници, посебно младите и жените, преку разгледување на примерот на регионалната кaнцеларија на НСВ во Тирана (главниот град, кој покрива скоро 1/3 од Албанското население). Применета е комбинација на секундарни квантитативни и примарни квалитативни податоци со цел дасе осознаат постојните услови во службата и нејзината динамика, предизвици и можности. Овој труд констатира докази за пристапи кои се родово неприлагодливи, со ограничена моќ на политиките на регионално ниво, лошо креирање на политки базирани на докази, недоволен број на програми за обука /преквалификација, како и ограничени можности на проследување на успешноста на политиките што доведува до тоа услугите на НСВ да не се сметаат за најважната стратегија за барање работа од страна на целните групите на самата НСВ.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2014-08-29
Како да цитирате