Младите, невработеноста и социјалниот живот во исчекување во поствоената и постсоцијалистичка Босна и Херцеговина
Апстракт
Социо-политичкото и економското опкружување во кое созреваат младите Босанци изникна како резултат на пошироко преструктурирање од социјализам кон неолиберализам, и од војна кон поствоеноуредување на државата. Овој кршлив и несигурен контекст на „дупла транзиција“ (Gligorov 2000) предизвика политичка и економска несигурност, која остави огромен број млади граѓани без ориентација и неподготвени да влезат во битка за социјална добросостојба. Останати без социјалистичка влада која би се погрижила за нивните основни потреби, перспективи и вработување, многу млади луѓе, исцрпени од наследените воени трауми и истоштени од постојаната битка за „гол живот“ (Agamben 1998), основниот физички и економски опстанок, се наоѓаат во состојба на континуирана невработеност. Како резултат на ова, се повлекуваат од каква било политичка јавност истовремено „пасивно“ чекајќи да пристигнат подобри времиња и/или надевајќи се засекогаш да заминат „на друго место“ (Jašarević н.д.).
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.