Економски и социјални импликации од невработеноста на младите во Република Македонија

  • Силвана Мојсовска Економски институт, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://orcid.org/0000-0002-5576-6068
  • Верица Јанеска Економски институт, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
Клучни зборови: невработеност, млади, долгорочна невработеност, сиромаштија

Апстракт

Овој труд ја обработува невработеноста на младите во Република Македонија, како еден од хроничните проблеми во општеството. Трудот има за цел да обезбеди длабински преглед на невработеноста на младите во земјата врз основа на расположивите податоци за пазарот на трудот, како и дискусија за економските и социјалните последици во светло на долгорочноста на проблемот и влијанието врз човечкиот капитал во Република Македонија. Анализата на импликациите е заснована на постојните состојби во однос на неактивноста на младите, стапките на невработеност на младите и долгорочната невработеност на младите, кои се мошне високи и претставуваат сериозна закана за човечкиот капитал во Република Македонија. Посебно внимание е посветено на образованието и неговото влијание врз структурата и вештините на младите, кои понатаму се анализираат во однос на потребите на пазарот на трудот и ограничените можности за младите лица да најдат стабилна работа со која воедно ќе бидат задоволни. Понатаму, во трудот е обработена сиромаштијата како една од најважните последици од долгорочната невработеност на младите во РепубликаМакедонија, која повлекува интензивни процеси на емиграција и одлив на високообразовани кадри, посебно на младите лица. Главните наоди од трудот предупредуваат дека невработеноста на младите повлекува брзо опаѓање на нивото на човечкиот капитал, преку физичко мигрирање и несоодветност на квалификуваноста на работната сила, како и преку опаѓање на конкурентноста на барателите на работа заради долгорочната невработеност.Ваквите состојби алармираат за потребата од брза реакција од страна на креаторите на политиките за намалување на проблемот и спречување на долготрајни последици за земјата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2014-08-29