Општествени дивиденди од мигрантите: пример со иселеништвото од Украинa

  • Алиса В. Толстокорова Самостоен истражувач
Клучни зборови: миграција, дивиденди, Украина

Апстракт

Основната цел на овој труд е да го проучи „социјалниот трансфер“ на мигрантите и влијанието кое тие го имаат врз секојдневниот живот на семејствата од Украина кои живеат во странство. Трудот укажува дека, кога станува збор за самите мигранти, спротивно од членовите на нивните семејства, има логика да се зборува за „општествени дивиденди“ наместо за „социјални трансфери“, притоа разбирајќи ги истите како додадена општествена вредност на миграцијата во вид на непаричен капитал стекнат поради трудовата миграција: општествена, етичка, културна, образовна, лингвистичка, граѓанска и слично, а кој се користи за личен развој и добросостојба, но кој секогаш не се испраќа или се враќа дома. Трудот, исто така, ја објаснува разликата меѓу социјалните трансфери и социјалните дивиденди и укажува кои се тие социјални дивиденди и ги опфаќа: социјалните дивиденди за личен развој, културно-естетските и духовните социјални дивиденди, граѓанските и други социјални дивиденди, социјалните дивиденди за здравиот начин на живот и дивидендите за родова еднаквост.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-08-05