Социјалните трансфери и намалување на развојните нееднаквости со осврт на состојбите во Република Македонија

  • Јован Пејковски Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во Скопје
Клучни зборови: социјални трансфери, влијание, опфат, пензиски трансфери, промени

Апстракт

Постоењето на развојно заостанување и економски и социјални нееднаквости во секое општество го покренува прашањето како да се намалат истите и со кои форми и политики на редистрибуција на создадените вредности да се влијае особено за лицата во состојба на ризик. Сфаќањата за непродуктивноста на социјалните трансфери и ограничувањето на растот како резулат на пренамена на средствата во една национална економија се повеќе се заменуваат со оценки за неопходноста од истите и барања за нивно силно влијание во општествените односи. Социјалните трансфери и социјалната стабилност се причинско-последично обусловени и поврзани, исто како и економскиот раст, динамизам и развој. Трудот ја анализира проблематиката на социјалните трансфери која станува важен сегмент на водењето на макро-економската политика на секоја држава. Исто така се анализираат различните сфаќања за зголемување или намалување на социјалните трансфери зависно од позицијата на субјектите кои влијаат во креирањето наполитиките. Трансферите кои се случуваатво системот на пензиското и инвалидско осигурување и влијанието врз семејствата во Република Македонија каде што пензиите се единствен приход одделно ја поттикнува потребата за согледување на овој сегмент и на правците кои се изразуваат во услови на стареење на популацијата. Со добивање конкретни показатели за одделни категории граѓани може да се сфатат предизвиците пред кои тие се поставени и секојдневно се соочуваат, како и да се согледа одржливоста и/или ограничувањата кои влијаат на остварливоста на развојот и можностите за промени на целите на социјалната политика. На крајот, во трудот се констатира чувствителноста на социјалните трансфери особено во услови на рецесиони движења заради што се укажува на нивната важност особено за заштита на делови од популацијата и за надминување на сиромаштијата и социјал ната исклученост. Исто така трудот упатува на потребата опфатот на социјалните трансфери да се компарира од аспект на влијанието на доходите на одделни категории, висината на социјалните надоместоци и одржливоста за поединецот и семејството во пазарни услови. Со тоа се овозможува на макро ниво да се добие трендот на политиките кои се доминантни и кои ги засегаат корисниците на тие трансфери, како и да се предложат промени во системот на трансферирање на средствата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-08-05