Социјалните трансфери во време на економски проблеми: примерот на Бугарија

Клучни зборови: социјални трансфери, економска криза, ромска и турска популација, релативна сиромаштија

Апстракт

Оваа статија нуди преглед на тоа како системот на социјалните трансфери во Бугарија одговорил на макроекономските шокови предизвикани од глобалната економска криза. Разгледани се неколку канали за трансфер на шоковите, со осврт на конкретното влијание врз ромската и турската популациа, кои сепосебно ранлива категорија. Основните податоци кои се искористени произлегуваат од панел анкетата за мониторинг на кризата, организирана во три наврати и спроведена од Светската банка и Институтот отворено општество во Софија, но, истотака, се користени и други податоци од неколку испитувања на Националниот институт за статистика. Улогата на социјалните трансфери треба да се разгледа во поширок политички контекст, бидејќи одговорот на системот може да серазбере единствено во рамки на подолгите трендови во обликувањето и прекројувањето на системот на социјални трансфери, кон помош во замена за работа и интеракцијата на овој систем со останатите политики кои се клучни за намалување на социјалните разлики, како што се даночната и политиката на вработување, како и регулативите на пазарот на трудот.Глобалната економска криза беше како стрес-тест за слабостите во политиките на социјалната кохезија и посебно во делот на социјалните трансфери. Главниот заклучок е дека влијанието на релативната сиромаштија во Бугарија беше умерен, споредено со меѓународните околности, пред сè заради пензискиот систем, со мал удел и од другите социјални трансфери. Стапката на лицата со ризик од сиромаштија дури и незначително се намали, но ова не беше резултат на некакви реални подобрувања, туку на фактот што овој индикатор не ја прикажува реално сиромаштијата во време на рецесија. Во долгорчна смисла, сегашниот систем на социјални трансфери во Бугарија не нуди никакви инструменти за соодветен одговор на сиромаштијата и социјалната исклученост. Излезот на Бугарија од економската криза се покажа дека е на подолг рок од оној што било кој го очекувал на почетокот. Бугарија, за разлика од многу земји на Европската Унија, следела политика на превентивно штедење. Напуштањето на делови од системот на социјална заштита било една од стратегиите за излез од кризата. Ова, можеби, не е вистинскиот пат за фаќање чекор со водечките ЕУ земји членки од гледна точка на квалитетот на живот.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-08-05