Корпоративна социјална одговорност - нова перспектива во справувањето со невработеноста на локално ниво

  • Слаѓана Србиноска УСАИД Македонија
Клучни зборови: корпоративна социјална одговорност, вложување во локалната заедница, невработеност, социјално одговорни практики

Апстракт

Соочени со глобални проблем како што се економски кризи и природни катастрофи, грижата за социјалните проблеми се повеќе се препушта на способноста на самите заедници да ги мобилизираат сите расположливи ресурси за решавање на своите проблеми. Локалните заедници се во ситуација да ја развиваат и искористуваат сопствената креативност за решавање на локалнитепроблеми, вклучувајќи ја невработеноста, социјалната заштита иг рижата за социјалната благосостојба. Со процесот на глобализација, голем број на бизнис компании ја препознаваат потребата за обезбедување на поддршка за својата работа од локалната заедница на која припаѓаат, свесни дека со тоа ќе придонесат кон подобрување на сопствениот статус во заедницата, повисок рејтинг, посветени вработени и можност за проширување на бизнисот. Од тие причини, овие компании посветуваат значајно време и ресурси за поддршка на проекти за развој на локалната заедница, како што се: обуки за млади и возрасни од локалните заедници, можности за волонтирање и отварање на работни места, можности за доквалификација и образование. Во изминатите неколку години, во Република Македонија (РМ) се прават првите пионерски обиди за социјални интервенции во локалните заедници од страна на бизнис компаниите. Во 2010 година, Координативното тело за социјална одговорност на бизнис компаниите во РМ награди 15 македонски компании од 75 пријавени, идентификувајќи ги како социјално одговорни бизнис компании. Овие бизнис компании имаа иницирано и спроведено одредени социјални иницијативи, вклучувајќи: вработување на штитеници од дом за деца без родители, стипендии за продолжување на студии, програми за социјална инклузија на деца, обуки за невработени, реновирање на објекти од јавен интерес. Овој труд ќе се обиде да одговори на прашањето, дали социјалната одговорност на компаниите и нивното вложување во развојот на локлната заедница можат да имаат влијание врз справувањето со проблемот со невработеноста?  Во продолжение, трудот ќе презентира компаративни примери од социјалните бизнис практики на вложување во локалните заедници во САД, Европа, и Македонија, и како таквиот вид на социјално вложување може да влијае на проблемот со невработеноста. Трудот ќе побара одговор на прашањето дали е потребен координиран пристап помеѓу државните програми за отварање на работни места и можностите кои ги нудат бизнис компаниите преку нивните социјални практики, и дали социјалната одговорност на компаниите отвара нова перспектива во справувањето со пролемот на невработеноста?

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-08-31