Работата и невработеноста - техники на вклучување на младите во работниот процес според два успешни и еден неуспешен модел
Апстракт
Современите општества, како што напишал Хаберманс (Habermans) ,„се фундираат врз трудот”. Трудот е основа на општествениот поредок. Тој ја детерминира позицијата на индивидуата во општеството. Работата продолжува да биде основно средство за опстанок и да зафаќа суштинско место во животот на индивидуата. Работата означува една норма, една целосна социјална претстава, преглед на фактичка состојба. Концепот на трудот со кој ние располагаме, претставува најмалку една двојна карактеристика. Од една страна тој е фактор на еманципација, а од друга страна, извор на можни фрустрации и измачувања. Меѓутоа, третата димензија поврзана со трудот е невработеноста. Порастот на невработеноста како во развиените држави, така и во пост-комунистичките демократии создадоа масовна невработеност која сведочи за дерегулирањена пазарот на трудот. Ако анализата на причините на таквата ситуација упатува кон традиционалниот идеолошки расцеп на економската анализа, анимираните политики за смалување на невработеноста промовираа мнозинство солуции и стратегии кои дадоа мали резултати особено во државите на Западен Балкан. Во оваа насока ќе ги споредиме националните стратегии за зголемување на вработувањето во две држави-членки на ЕУ, Кралството Белгија, како една од најуспешните држави во овој домен, и Република Франција, која е осум пати поголема од Кралството Белгија и една од моторите на ЕУ, заедно со Германија. Од друга страна, ќе се обидиме да ја анализираме и Националната стратегија за вработување на Република Македонија, како држава-кандидат за члeнство во ЕУ, но и држава во транзиција чија стапка на невработеност е една од најнеславните рекордери меѓу државите на Западен Балкан, со која се соочиле сите досегашни влади од стекнувањето на независноста, но без некој поголем успех.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.