Активни мерки на пазарот на трудот во Србија – Предизвици и резултати
Апстракт
Транзиционите промени во Србија беа пропратени со коренити политички, економски и социјални проблеми.По „демократските промени“ во 2000та, постигнат е напредок во однос на обезбедување макро-економска стабилност и економски реформи, но ситуацијата на пазарот на труд е сеуште неповолна. Реструктуирањето на економијата и неуспешната приватизација резултираа со намалена вработеност и зголемена невработеност, додека одредени групи како младите, жените, лицата со средно образование, лицата со пречки, бегалцитеи внатрешно-раселените лица, одредени етнички малцински групи како и лицата кои живеат во руралните средини се особено подложни на ризик од невработеност. Негативните ефекти од глобалната економска криза дополнително го инцираа проблемот на недостаток од соодветна политика на вработување и недостаток на активни мерки на пазарот нa труд. Програмите за активни и пасивни мерки на пазарот на труд беа креирани согласно правната регулација и расположливите финансиски ресурси. Бројот на корисници на парични надоместоци постојано се зголемуваше. Издатоците за активните мерки на пазарот на труд беа скромни и недоволни за реализација на амбициозните програми. Истражувањата за резултатите од спроведувањето на активните мерки за вработување во изминатиот период укажаа на ограничени ефекти и несоодветна покриеност на невработените.Пазарот на труд беше реформиран согласно генералните стратешки ориентации, специфичната национална ситуација и предизвиците од Европската интеграција. Нови закони беа донесени, како и стратегии за периодот 2005-2010 и 2011-2020, заедно со акциони планови. Стратешките ориентации беа јасно дефинирани со нагласок на повисоки издатоци за активните мерки на пазарот на труд, но ова не беше целосно спроведено во пракса. Новиот бран на рецесија резултираше со дополнително намалување на трошоците за активните мерки за пазарот на труд, што дополнително ќе влијае на амбициозно проектираните цели согласно стратегијата „Европа 2020“.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.