Македонскиот пазар на трудот: Што го прави толку поинаков?

  • Никица Мојсоска Блажевски Факултет за деловна економија и организациони науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје https://orcid.org/0000-0003-0777-8985
  • Неџати Куртиши Министерство за финансии на Република Македонија
Клучни зборови: невработеност, активност, вработеност, совпаѓање помеѓу вештините и работните места

Апстракт

Целта на овој труд е да ги испита движењата на пазарот на трудот во Република Македонија во периодот 2006-2011, како и да прикаже споредбена анализа со земјите од регионот и земјите од ЕУ. Повеќе од една декада, македонскиот пазар на трудот претставува енигма за истражувачите. Иако се очекуваше подобрување на алокативната ефикасност на пазарите (вклучително и пазарот на трудот) во процесот на транзиција, состојбата на пазарот на трудот во Македонија се влоши во текот на транзицијата. Стапката на невработеност на населението на возраст од 15-64 достигна 37,7% во 2005 година, и оттогаш се намалува постепено, достигнувајќи 31,6% во 2011. Стапките на активност и вработеност од 64,2% и 43,9%, соодветно, се ниски во споредба со земјите од регионот, и уште повеќе, во споредба со земјите на ЕУ. Жените во Македонија се во уште понеповолна положба во однос на мажите. Оттука, овој труд ги испитува основните предизвици на пазарот на трудот во Македонија, воопшто, како и за специфични групи на работници (диференцирани според возраст, род и образование). Исто така, во трудот е пресметано совпаѓањето помеѓу вештините и работните места, како и присуството на надобразованост и подобразованост (несовпаѓање). Понатаму, трудот ги испитува емпириски факторите кои делуваат врз вработеноста, односно кои фактори можат да придонесат кон зголемување на стапките на вработеност.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-08-31