МЕЃУНАРОДНИ И НАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА И ПОСТАПУВАЊЕ СО НЕПРИДРУЖУВАНИ ДЕЦА
Апстракт
Проблематиката на непридружувани деца не е нова, иако нејзината актуелизација е од поново време, сооглед на сè поголемиот број деца кои се наоѓаат на маргините на глобалното општество и кои се изложени на сè посурови форми на злоупотреба и експлоатација.Во пракса непридружуваните деца најчесто се среќаваат и идентификуваат како: криумчарени мигранти, жртви на трговија со луѓе, баратели на азил, странски малолетни државјани кои влегле легално иостанале без придружба на територијата на Република Македонија. Предмет на оваа анализа е: дефинирањето на непридружуваните деца де јуре и де факто, како и утврдување на стандардите за заштита на оваа категорија деца кои не ретко поради нивната ранливост се цел на експлоатација на високоорганизираните криминални групи. Во меѓународни и домашни рамки постојат мал број на статистички податоци, академски публикации, истражувања и други извори на информации кои ја обработуваат темата на непридружуваните деца. Оваа анализа има за цел првенствено да го отвори прашањето нанепридружуваните деца и степенот на нивната ранливост, да даде осврт на постоечката национална и меѓународна регулатива, како и на процедурите за заштита кои постојат во земјава, но и да даде препораки за унапредување на системот за заштита на непридружуваните деца и насоки за усогласување со меѓународните стандарди онаму каде што е потребно.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.