ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ И ПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ И ПРЕДИЗВИЦИ ОД МИГРАЦИСКИТЕ ТРЕНДОВИ

  • Јован Пејковски Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol1612041p
Клучни зборови: миграции, социјални, политички промени, бегалци, економски

Апстракт

Современите миграциски движења се изразуваат преку нови форми и начини на миграции. Трендовите кои се забележуваат отстапуваат од досегашните познавања на овие процеси. Европа како континент и сите држави одделно се соочуваат со сложени состојби на економски, социјален и политички план. Бранови мигранти, бегалци од војни, заедно со потенцијални скриени терористи, шверцери со луѓе, во огромен број се слеваат од Југот кон Северот. Трасите низ кои се движат овие луѓе ги допираат помалку или повеќе сите европски држави. Кои се последиците од овие промени и како да се согледа нивниот домет и опфат? Како сето тоа ќе се одрази на државите низ кои поминуваат мигрантите и особено на оние во кои имаат намера трајно да останат? Колкави се трошоците кои треба да ги поднесат државите приматели на мигранти, но и какви користи може да се добијат од лицата кои се мотивирани да работат? Какви се влијанијата на пазарот на работна сила и на конкуренцијата меѓу домородните работници и мигрантите? Сите овие прашања се предмет на интерес во овој труд. Се работи за комплексни прашања кои секојдневно ги преокупираат луѓето и за кои се бараат одговори и акции. Активностите треба да насочат кон откривање какви промени се неопходни во политиките за миграција, образование, социјална заштита, здравство, домување, безбедност, ефикасно гранично управување, како и други аспекти кои треба да бидат претставени во овој труд.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2016-12-01