ПОДЕЛБАТА ИСТОК/ ЗАПАД И ЕВРОПСКАТА РЕЛОКАЦИЈА НА БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol1612009b
Клучни зборови: европска бегалска криза, систем за релокација на ЕУ, дистрибуциски клуч на ЕУ, хоризонтална еднаквост, вертикална еднаквост, баратели на азил во ЕУ, Источен блок, поделба Исток/Запад, задолжителни квоти, EU asylum seekers

Апстракт

Во поголемиот дел од 2015 година, Европа се соочи со невиден прилив на бегалци и баратели на азил. Бројот на илегални мигранти кои пристигаа на брегот на Италија, Грција и подоцна, Унгарија, ги доведе овие држави во вонредна ситуација.Тоа е причината зошто Европската комисија повика на привремен механизам за релокација за пренос на раселените лица со потреба од меѓународна заштита на другите земји-членки на Европската унија(ЕУ). Комисијата разви клуч на дистрибуција, врз основа на проценетите индикатори од БДП (40%), бројот на населението (40%), стапката на невработеност (10%) и претходен број на барања за азил (10%), за да ја распредели пропорционално одговорноста за решавање на бројот набегалците и барателите на азил кои се веќе присутни на територијата на Европа.На планот жестоко му се спротивставија многу земји од Источниот блок, кои гласаа против предложените задолжителни квоти. Брзо беа врамени објаснувања околу културно заостанатиот контекст на овие народи, ксенофобија, расизам,нивната екстремно десна политичка ориентација како и внатрешните условување да се биде брендиран исклучиво како емиграциска наспроти имиграциска држава. Сепак,помалку внимание беше посветено на разбирањето на таквите политички реакции како контекстуално втемелени во нееднаквата и диференцијалната позиционираност на постсоцијалистички земји во ЕУ.Овој труд црпи податоци од областа на даночната политика за критички да ги испита предложените квоти за ЕУ релокација, во обид контекстуално да се разбере реакцијата на Источниот блок на бегалската криза. Тој ги користи поимите на хоризонтална еднаквост и вертикална еднаквост за да се покаже како моменталната шема за релокација е прогресивна во апликација, но пасивна во влијание, со оглед на тоашто пропорционално ја изедначува дел од одговорноста, без истата да е постепено приспособувана на тоа да одговара на можностите на државите за релокација (т.е. не ги зема предвид политичката и културно нееднаквата положба на државите од Источниот блок, како априорис труктурирана и состојба на структурирање во рамките на Унијата).

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2016-12-01