Злоупотреба и занемарување на децата во Република Македонија: сегашна состојба и идни предизвици
Апстракт
Превенцијата и заштитата од насилство претставуваат најосновно право на секое дете. Сепак, насилството останува сериозна реалност за милиони деца, оставајќи долгороч- ни последици по животот на децата и нивниот развој. Основната цел на трудот е да се опише постоечката состојба со злоупотребата и занема- рувањето на децата во Република Ма-кедонија, да се направи анализа на факторите на ризик, и да се отвори дискусија за јакнење на имплементацијата на националните политики и законската регулатива. Глобалните бази на податоци на Светската здравствена организација беа користени во презентирање на стапката на оптовареност од злоупо- требата. Беше направен преглед на литературата и анализа на публикациите во врска со преваленција на различните видови на злоупотреба и занемарување кај децата во Репу- блика Македонија, како и анализа на можностите за имплементацијата на националните политики и законската регулатива. Податоците на Светската здрав- ствена организација (СЗО) за регионот на Европа (за 53 земји членки) посочуваат дека 55 милиони деца (29,1%) се жртви на емоционална злоупотреба, 44 милиони (22,9%) на физичка злоупотреба, жртви на физичко занемарување се 31 мили- он (16,3%), а, пак, 18 милиони деца (9,6%) се жртви на сексуална злоупотреба. Според истражувањето во Македонија над една петтина (21%) од испитаниците-адолесценти биле изложени на најразлични облици на физичка злоупотреба во текот на детството. Над 30% од испитаниците биле изложени на некаков облик на психолошко занемарување; околу 11% биле изложени на психолошка злоупотреба, и речиси 13% биле из- ложени на некој вид на сексуална злоупотреба. Проблемот на злоупотреба и занемарување во Македонија, во споредба со земјите од Југоисточна Европа беше подложен на значајни пресвртници во насока на унапредување на превенцијата и заштитата на децата. Сепак, и понатаму постои можност од унапредување на националните стратегиски документи, законска- та регулатива и имплементација на програмите за превенција засновани на докази, бидејќи наодите од истражувањата сè уште говорат за висока преваленција на злоупотребата и занемарувањето на децата.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.