Дополнителна подршка за деца со пречки во развојот

  • Наташа Богоевска Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://orcid.org/0000-0002-0050-8141
  • Сунчица Димитријоска Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://orcid.org/0000-0001-7462-0825
  • Светлана Трбојевиќ Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://orcid.org/0000-0001-8289-8421
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol1713053b
Клучни зборови: лица со попреченост, деца со пречки во развојот, социјална заштита, дополнителна заштита

Апстракт

Системот на социјална, здравствена и образовна заштита на децата со попреченост во Република Ма- кедо-нија доживува постојани промени. Главните цели на реформите се усогласување на македонското законодавство со меѓународните стандарди, како и унапредување на положбата на лицето со попреченост во општеството преку социјално и работно вклучување. Покрај традиционалните форми на заштита на децата со попреченост, се прават обиди за воведување на нови мерки и активности насочени кон децата со попреченост кои ќе овозможат повисок степен на социјална и здравствена заштита, социјална вклученост, редовно посетување на настава и подобри постигнувања во образовниот процес. Моменталната состојба укажува дека не постои интегрален правен документ кој целосно ги регулира правата на лицата со попреченост. На- против, правата за лицата со попреченост и децата со пречки во развојот се регулирани во бројни закони и подзаконски акти. Спроведените истражувања укажуваат на одредени слабости во постојната законска и институционална рамка, како и во процесот на нејзино спроведување. Постојат неколку ограничувања, дури и во првата фаза на идентификација и проценка на децата со попреченост. Некои од нив се систематски и се јавуваат како резултат на различните практики на телата одговорни за проценка на деца со пречки и во исклучивото користење на медицинскиот модел на проценка. Некои од причините за несоодветното ниво на заштита на лицата со посебни потреби и нивните семејства се идентификувани во несоодветната материјална помош, недостатокот на институционална структура, како што се локалните сервиси за поддршка. Општеството ја препознава потребата за темелни реформи во системот на поддршка на лицата со попреченост. Голем број активности, главно поддржани од меѓународни организации, се во процес на имплемента- ција и изискуваат одржливост преку обезбедување на државна сопственост. Во таа смисла, со примена на мерките за дополнителна поддршка на лицата со попреченост, процесот се движи кон обезбедување на сеопфатен пристап во надминување на постојните проблеми. Предуслов за успешен одговор на идентификува- ните недостатоци е развојот на цела низа на услуги во локалната заедница што се остварува преку мултисектор- ска соработка.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2017-07-03