Детски бракови во регионот на Западен Балкан: Каде е најдобриот интерес на детето?

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol1713009m
Клучни зборови: деца, детски брак, најдобриот интерес на детето, Конвенцијата на ОН за правата на детето, социјален еколошки модел

Апстракт

Културно спакуваната практиката на детски брак постои во регионот на Западен Балкан и се натпреварува за вниманието со другите комплексни проблеми кои треба да бидат соодветно опфатени во националните агенди. Иако е во процес на истражување и е поттикнат од страна на структурната маргинализација на одредени државни интервенции, овој феномен има кобни долгорочни последици врз децата, воопшто, а особено, врз девојчињата. Третирани како предмети, нивниот најдобар интерес не се почитува, додека родовата нееднаквост, дискриминација, неписменост и ранливост се прошируваат. Недостатокот на соодветни податоци за распространетоста на овој феномен е поддржан со недостатокот на политичка волја да се даде приоритет на ова прашање на национално ниво и постојано да се решава преку широка вклученост на актерите. Најдобриот интерес на детето подразбира трикратен, флексибилен, сложен и прилагодлив концептот кој го става детето на прво место во секоја одлука што влијае на неговиот живот. Овој труд се базира на социјално еколошкиот модел и принципот на најдобар интерес на детето, за да ги потенцира главните причини за детските бракови во регионот на Западен Балкан. Тој користи секундарни податоци за да испита како се нарушува принципот на нај- добар интерес на детето. Беа нагласени некои истражувачки пропусти, главно поврзани со недостатокот на консолидирани податоци за појавата на детски бракови. Извлечени се заклучоци и дадени се препораки, со цел да се запре оваа традиционална практика која не го почитува најдобриот интерес на девојчињата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2017-07-03