Солидарен станбен фонд – потреба и перспектива
Апстракт
Решавањето на станбеното прашање е решавање на едно од основните
егзистенцијални потреби на секој работник, граѓанин на Република
Македонија. Со Уставот, како и со потпишувањето на Европската социјална
повелба, Република Македонија ја прифати обврската за унапредување
на материјалната, правната и социјалната заштита на семејниот живот со
преземање соодветни мерки, како што е поттикнување на станбената изградба.
Со носењето на Законот за домување во 1998 година („Службен весник на
РМ“, бр. 21) се укина категоријата општествени станови и станот започна да
се третира како економска категорија. Со престанување на изградбата на
станови во општествена сопственостт, станбеното прашање се решаваше, и
се решава, според личните можности, најчесто со станбени кредити со високи
каматни стапки. Невработеноста и ниските плати дополнително негативно
влијаат врз опаѓањето на животниот стандард на граѓаните, а со тоа се
намалуваат можностите за обезбедување живеалиште. Неможноста да се
реши оваа животна потреба, за многу лица е една од основните причини,
посебно на младите, за заминување на работа во странство.
За Сојузот на синдикатите на Македонија домувањето претставува значаен
сегмент во изградбата на социјална држава, како што е декларирана
Република Македонија. Затоа, програмската стратегија на ССМ, меѓу другото,
е заложбата за водење соодветна станбена политика во државата, која има
силно влијание врз обезбедувањето на животниот стандард на работниците
и граѓаните на РМ.
Со цел да се придонесе во создавањето поповолни услови за решавање
на станбените прашања на работниците и граѓаните, а со тоа и да се
придонесе кон поголема мотивација и продуктивност во работењето, ССМ
покрена Иницијатива за формирање солидарен станбен фонд во Република
Македонија.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.