Состојби и предизвици во домувањето кај ромската популација во Македонија: Искуства од спроведувањето на НАП за домување од Декадата за вклучување на Ромите

  • Елвис Мемети Министерство за труд и социјална политика Советник во Одделението за имплементација на Стратегијата и Декада на Ромите

Апстракт

Според термините коишто често ги користиме - пристапот е веќе познат (процес, проект, акциони планови, национална стратегија, социјално домување,
ромска декада, инклузија, интеграција). Ваквиот опишан пристап ја олеснува
визијата тогаш кога сакаме да го опишеме она што треба да биде наспроти
она што навистина е!
На почетокот на одминувањето на 5 години од Декадата на Ромите, очекувањата кај ромската заедница се големи (значителен процент од Ромите
слушнале за Ромската декада, но реално мал број од нив ја познаваат суштината на процесот којшто трае), наспроти реалните очекувања кои сразмерно растат со сé поизразените проблеми од приоритетните области на
Декадата на Ромите - со посебен акцент на домувањето и инфраструктурата
на населбите каде што живее ромската заедница.
Сé почести се прашањата од типот: што е направено овие 5 години; како
ќе се одвива натамошниот процес; дали домувањето останува и натаму
најтешката алка во справувањето со проблемите со коишто се соочува
ромската заедница; дали издвојувањето на националните средства за имплементација на акционите планови ќе ја поттикне реализацијата, со што
ефектите ќе ги почувствува ромската заедница врз сопствена кожа.
Натамошниот текст претставува осврт, коментар и информации од спроведување на активностите од областа на домувањето, со акцент на ромската популација (деца, жени, самохрани родители, бездомници): изградени домови
кои не се вклопени и не можат да се вклопат во ДУП и ГУП, диви населби
и гета, вдомени домаќинства, инфраструктурата во ромските населби, социјалното домување, станбените субвенции, квалитетот на домувањето,
како и активности на коишто ромската заедница, во контекстот на ромската
Декада, евентуално, би можела да се надева дека ќе донесат одредени
поместувања во реализацијата на планираното. Наспроти реалната дискрепанца помеѓу идејата и практиката, ромската популација живее со идејата
за соодветен дом со стандардни услови за живот надвор од улицата и маргинализираните населби, во практиката се реализира возможното.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-02-09
Како да цитирате
Мемети, Е. (2024). Состојби и предизвици во домувањето кај ромската популација во Македонија: Искуства од спроведувањето на НАП за домување од Декадата за вклучување на Ромите. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 3(6), 540-551. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2154