Втор Меѓународен конгрес по социјална медицина на Србија Предизвиците на социјалната медицина во 21-от век
Апстракт
Во периодот од 9-12 јуни, 2010 година, во соседна Република Србија се
одржа Меѓународен конгрес за докторите по социјална медицина и другите здравствени работници на тема:
Предизвиците на социјалната медицина во 21-от век, на кој учествуваа повеќе од 200 експерти и здравствени работници од сите земји во Регионот и беа
презентирани повеќе од 300 научни и
стручни трудови преку пленарни и усни
презентации, или изложени на постер
сесии. Темите на Конгресот беа исклучително актуелни: од транзицијата на
здравствените системи; достапноста
на квалитетни здравствени услуги во
услови на масовна приватизација во
здравството; социјално-економските
одредници на здравјето; промоција на
здрави животни стилови и превенција
на здравјето; приказ на актуелната
здравствена состојба на населението
во земјите од Регионот, со нагласка
на најчестите, пред сè, хронични, незаразни заболувања, каде се можни
организирани превентивни акции; засилување на примарната здравствена
заштита, но и модернизација на болниците во 21-от век.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.