Креирање политики за подобрување на пристапот до здравствените услуги на населението: Расчекор меѓу желбите и практичната примена
Апстракт
Република Македонија од осамостојувањето во 1991 година негува социјален
здравствен систем кој е заснован врз начелата на сеопфатност, солидарност
и еднаквост. Здравствениот систем предоминантно се финансира преку
социјални придонеси од вработените граѓани, додека помал процент на
учество доаѓа преку централниот буџет. Примарна цел на ваквата организација
на здравствениот систем е да обезбеди целосна покриеност на населението
со здравствено осигурување преку рамномерна дистрибуција на товарот
во финансирањето низ различните слоеви население. Конечна цел е да се
заштитат граѓаните од дополнителни финансиски трошоци во моментот кога
ќе имаат потреба од здравствени услуги.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.