Реформи во здравството - приватизација на примарната здравствена заштита и други модели за подобрување на ефективноста и ефикасноста во користењето на здравствените ресурси

  • Неда Милевска-Костова Извршен директор Центар за регионални истражувања и соработка „Студиорум”, Скопје
Клучни зборови: примарна здравствена заштита, здравствени реформи, приватизација, здравствен модел

Апстракт

Република Македонија, од осамостојувањето во 1991 година, паралелно
со преминот од договорна во пазарна економија и политички плурализам,
поминува низ фаза на исцрпни реформи во здравствениот систем. Во 2005
година интензивно започна да се спроведува реформата на примарната
здравствена заштита, со нејзина трансформација од јавниот, во приватниот
сектор, по принципот на концесионерство на јавните услуги од страна на
приватни здравствени установи. Овој процес, кој речиси комплетно заврши
во текот на 2007 година, ги вклучуваше Министерството за здравство на
Република Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Република
Македонија - и преку него корисниците на здравствени услуги - како и
јавните здравствени установи од примарната здравствена заштита. Речиси три години подоцна може да се согледаат некои од ефектите на оваа
трансформација, како искуство за реформирањето на преостанатите
сегменти на системот - секундарната и терцијарна здравствена заштита.
Сепак, заради спецификата на секундарната и терцијарната здравствена
заштита, овие два сегмента не може да се трансформираат според
истиот модел, па оттука, овој труд ќе ги разгледа можните модели
за реформирање во насока на подобрување на искористувањето на
здравствените ресурси. Притоа, покрај економските аспекти, ќе бидат
земени предвид и принципите на солидарност и еднаков пристап до
здравствените услуги, квалитетот на здравствените услуги и безбедноста
на пациентите.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-07-10
Како да цитирате
Милевска-Костова, Н. (2020). Реформи во здравството - приватизација на примарната здравствена заштита и други модели за подобрување на ефективноста и ефикасноста во користењето на здравствените ресурси. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 3(5), 409-422. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2136