Социјална димензија на економската криза: перцепции на граѓаните

  • Маја Геровска Митев Institut za socijalna rabota i socijalna politika Filozofski fakultet, Skopje

Апстракт

Написот се фокусира на ставовите на граѓаните, но, исто така, и на нивниот статус и пристапот до пазарот на трудот, социјалната заштита, образованието и здравството во текот на изминатите 12 месеци (вклучувајќи го периодот до септември 2009 година). Резултатите анализирани во рамките на оваа статија, се земени од квантитативната анкета реализирана од страна на агенцијата за истражуваwе на мислењето „Рејтинг”, во периодот од 5 до 15 септември 2009 година. Анкетата, врз основа на стандардизиран прашалник, вклучи 1.068 домаќинства врз основа на репрезентативен примерок од целокупното население во Македонија. Врз основа на квантитативната анализа, статијата покажува дека учеството на пазарот на трудот, кое веќе беше многу ниско пред кризата, уште повеќе се намали во текот на последните 12 месеци. Резултатите од студијата покажуваат дека 19% од испитаниците ја изгубиле својата работа во 2009 година. Перцепциите на граѓаните за социјалната заштита (социјална помош и пензии) покажуваат дека 70% од сите испитаници очекуваат дека ќе има негативно влијание од кризата. Статијата истакнува низок степен на користење социјалната помош (7% во 2009), како и низок степен на склоност кон социјална помош, како стратегија за справување во време на кризата. Влијанието на кризата врз образованието, како што е наведено од страна на мнозинството испитаници, кои се, или кои имаат член кој посетува образование, придонесе кон зголемуваwето на трошоците на домаќинствата за образование во изминатата година. Слично на тоа, посетувањето на училиште, исто така, е погодено, како резултат на скапото образование воопшто, како поради патните, така и од материјалните трошоци за учењето. Конечно, студијата покажува дека пристапот до здравствената заштита и осигурувањето не е универзален. Покрај тоа, мнозинството од испитаниците не е задоволно со здравственото обезбедуваwе и укажува дека неформалните плаќања се единственото средство за квалитетна здравствена заштита. Севкупната анализа во рамките на статијата ги покажува категориите чиј животен стандард и пристапот до основните социјални услуги се најмногу погодени со економската криза. Овие информации можат да послужат како значаен показател во однос на повеќе насочна социјална политика, во периоди на економски кризи.

 

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2009-12-01