Економската криза и одразот врз неформалната економија
Апстракт
Економската криза предизвика бројни промени во процесите на работа и живеење. Покрај легалните економски активности се изразија нови форми на активност кои спаѓаат во доменот на неформалната економија. Влијанието на неформалната економија е познато, но во вкупните активности и во услови на криза тоа се зголемува. Токму од таа основа се тргнува во согледувањето на влијанието на кризата врз појавата на нови форми на неформалната економија, особено присутна со социјалните категории граѓани кои се во услови на ризик, или се стратифицирани во групи на кои општеството треба да им помогне.Поаѓајќи од сознанијата присутни во пошироки рамки, како и кај нас, трудот се насочува кон претставување на основите кои ја генерираат неформалната економија, како и кон категориите граѓани кои обезбедуваат егзистенција во оваа сфера. Врз таа основа се прават согледувања за улогата на системот во продуцирањето на можности за неформалната економија, како и кон системските мерки за нејзино трансферирање во легалните канали на активност.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.