Нееднаквости во опфатот и правата од пензискиот систем во Република Македонија
Апстракт
Во овој труд се елаборират спецификите, структурата на реформираниот повеќестолбен пензиски систем во Република Македонија и
импликациите што се очекуват од воведувањето на овој комбиниран
систем.
Наодите во овој осврт се направени за пристапот на правата на
корисниците во првиот столб, како и опфатот на членовите во задолжителните капитални пензиски фондови. Во трудот се изнесени индикатори за првиот столб во однос на структурата на корисниците
на поедини права од пензија, според видот на пензијата, старосната
структура и износот на веќе стекнатите пензии, како резултат на импликациите од реформите што се правеа во пензиската политика во
изминатите 18 години. Во задолжителните пензиски фондови се елаборирани: опфатот на лицата, статусот и периодот на потпишување
на договорите за членство, како и приносот на средствата во задолжителните пензиски фондови. Посебен осврт е направен во делот на социјалниот дијалог во Европската Унија (ЕУ), како алатка во реформите
во пензиските политики. За предмет на анализа се земени неколку
поистакнати земји (претежно членки на ЕУ) во стручната литература,
во доменот на реформите кои ги презеле во пензиските политики.
Downloads
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0.
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.