СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ: ПОИМ, ПРИСТАПИ И ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
Апстракт
Популарноста на социјалната исклученост е несразмерна со нејзината
концептуална и теоретска втемеленост. Во текстот се говори за проблемите
на дефинирање на социјалната исклученост, за основните пристапи, како и
обиди за операционализација на овој концепт. Авторот посебно внимание
посветува на разграничување на социјалната исклученост од другите концепти
или пристапи, особено на разграничувањето на социјалната исклученост и
сиромаштијата, бидејќи во почетоците поимот на исклученост се појави како
замена за сиромаштијата. Авторот ги анализира предностите и недостатоците
на концептуалното пренасочување кон социјалната исклученост. Една од
предностите на концептот е што овозможува лесно преоѓање од еден дискурс
или парадигма, кон друга. Различните значења и причинители за социјалната
исклученост, како и моделите на социјалната интеграција се анализирани
преку три парадигми: солидарност, специјализација и монопол. Досега постоеја
различни обиди за операционализација на социјалната исклученост. Авторот
смета дека комбинацијата од неповолни дистрибуциски и релациони (партиципативни) димензии може да служи како показател за социјална исклученост.
Исто така, се укажува на потребата за посложена анализа на индикаторите за
исклученост. Концептот на исклученост ги поврза материјалните и социо-психолошките аспекти на животниот стандард. Настојувањата во европската социјална политика за замена на терминот сиромаштија со исклученост, не се
сосема оправдани. За да може социјалната политика да ги насочи своите инструменти кон ризичните групи и да спречи сиромаштијата да заврши со маргинализација и ограничена социјална партиципација, се чини разумно дека
треба да ги задржи и двата пристапи: сиромаштијата и социјалната исклученост
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.