Надзор во социјалната работа – фаза на спроведување во реформскиот процес на системот на социјална и детска заштита во Република Црна Гора
Апстракт
Во сегашниот контекст на реформата на социјалната и детската заштита во Црна Гора, соодветниот модел на надзор треба да ги земе предвид реалните професионални и институционални капацитети. Создадениот модел на надзор одговара на англо- саксонската традиција во спроведувањето на надзорната поддршка. Во овој труд се разгледува функционалноста на тековниот процес на спроведување на надзорната поддршка на професионалните работници во центрите за социјална работа во Црна Гора. Анализата на карактеристиките на процесот на надзор се темели на податоците и информациите собрани преку анализата на законите, прописите и стручните извештаи, непосредното следење на работата на стручниот кадар на центарот за социјална работа, теренски посети и интервјуа со вработените во Институтот за социјална и детска заштита. Проблемите кои се идентификувани при распределбата на надлежностите, обемот на работа и јасноста значително ја ограничуваат улогата на процесот на надзор. Во земјите со развиена практика на надзор, јасноста на улогите и одговорностите на поединечните актери се постигнува преку процес кој ја појаснува целта и границите на над- зорот. Доколку моделот на надзор не ги задоволува стандардите кои ја гарантираат ефективноста и флексибилноста во обезбедувањето на услуги на клиентите, тогаш таквиот модел не гарантира одржливост на системот на долг рок. Во заклучокот се препорачуваат насоки за понатамошен развој на соодветен модел на надзор во центрите за социјална работа во Црна Гора.
Downloads
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0.
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.