Реформи на социјалната заштита во Србија – необезбедена помош за работоспособни корисници

  • Наталија Перишиќ Оддел за социјална политика и социјална работа, Факултет за политички науки,Универзитет во Белград, Република Србија https://orcid.org/0000-0001-7678-7231
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol1814041p
Клучни зборови: социјална заштита, реформи, активација, корисници, бенефиции

Апстракт

Во Србија, транзицијата од социјализам имаше длабоки ефекти во секторот за социјална заштита, сè до 90-тите, а особено по 2000 година. Промените во овој сектор се од легислативна и нормативна природа, но и од идеолошка и парадигматска природа. И додека неповратноста на траекторијата на промени се чини дека не доаѓа предвид, некои важни теми не се ставени во агендата, па дури и ако се ставени, решенијата за нив не биле секогаш јасни. Од една страна, целите кои општеството се обидува да ги следи со и во рамките на својот систем на социјална заштита, се оние во смисла на социјална вклученост на своите корисници, со истовремено спречување и намалување на социјалната исклученост на најранливите граѓани. Од друга страна, мерките со цел за негово извршување беа во голема мера неефективни, или поради нивниот несоодветен дизајн или по- ради нецелосното спроведување. Овој труд е структуриран околу теоретската основа на потребите, нивното толкување и премин во социјалните права. Реформите на социјалната заштита во национален контекст се анализирани во централниот дел од овој труд. Акцентот е ставен на реформата на бенефициите од социјалната помош, поточно на социјалната помош во пари (парична социјална помош), на корисниците на таа помош и на изградените излезни стратегии. Целта е да се анализираат предностите и недостатоците на концептот за реформа на социјалната заштита и да се аргументира во корист на неговата трансформација и редизајнирање. Истражувањето е позиционирано во рамките на квалитативната аналитичка рамка.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-12-03