Улогата на условеноста и контролата во правата на социјална помош

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol1814011l
Клучни зборови: условеност, бихејвиорална економија, социјални парични бенефиции, сиромаштија, контрола

Апстракт

Условноста во испораката на социјалната помош обезбеди цврста основа во социјалните политики на земјите на ЕУ и пошироко. А сепак, анализите за тоа укажуваат на тоа де- ка целта зад неа не била решавање- то на проблемите со сиромаштијата и другите социјални проблеми, туку да се намалат социјалните трошоци. За да се интегрира социјалната политика во економската политика според барањата на пазарот на трудот, беа воведени низа мерки кои ја поткопуваат социјалната комплексност, на пример, мотивација на корисниците, практики за „поттикнување“ што ги насочуваат корисниците кон посаку- ваните избори, стимулации и казну- вање за погрешните избори. Промените во социјалната политика влијаат врз професионализмот на социјалните служби, од кои се очекува да ги прилагодат своите методи на новите барања и со тоа да користат практи- ки за уште поголемо контролирање и казни. Статијава го претставува случајот на Словенија која ги усвои иде- ите за силна условеност во 2005 година, за време на првата неолиберална влада. Студијата се фокусира на бихеjвиоралната економија која стана дел од јавните политики воопшто.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-02