Поврзаност меѓу работната ангажираност и квалитетот на животот на корисниците на станбените единици за живеење со поддршка
Апстракт
Во текот на изминативе пет децении се случија низа промени во трет- манот на лицата со интелектуална попреченост. Постои тенденција за редизајнирање на општеството дизајнирано за „здравите, способните и силните“ и создавање инклузивно општество еднакво за сите негови граѓани. Процесот на деинституција- лизација е еден од процесите што особено придонесе за подобрување на квалитетот на животот на возрасните лица со интелектуална попреченост и нивна социјална инклузија во сите текови на современото живеење. Проценката на квалитетот на живеењето и поврзаноста со работната ангажираност на возрасните корисници е неизбежна, затоа што процесот резултира со нови конфигурации на потребите и услугите за поуспешна и подобра инклузија во општеството. Со истражувањето се опфатени 80 лица со интелектуална попреченост корисници на станбените едини- ци за живеење со поддршка во Скопје и во Неготино. Заедничките заклучоци упатуваат на тоа дека корисниците на овие станбени единици сметаат дека се потребни дополнителни активности за исполнување на нивното слободно време. Исто така потребно е работно ангажирање на корисниците со повеќе активности затоа што тоа влијае на нивното расположение и се сметаат за општествено корисни граѓани. Генералниот заклучок покажува дека работната ангажираност влијае на квалитетот на животот на оваа категорија луѓе, што укажува на потребата од проширување на дејноста на дневните центри во Скопје и во Неготино и отворање на локал- ната средина за оваа категорија луѓе. Со ова ќе се придонесе за поголема самостојност и социјaлна инклузија на возрасните лица со интелектуална попреченост.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.