Спроведувањето на семејни групни конференции во системот за грижа за деца и млади во Австрија/Каринтија - предизвици и придобивки

  • Хуберт Хелмулер Универзитет за применети науки од Каринтија, Австрија
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol19150025h
Клучни зборови: Австрија, Каринтија, семејна-групна конференција, заштита на деца и млади

Апстракт

„Семејна групна конференција“ е нов и радикален метод за учество на семејниот систем во процесот на планирање на грижата во рамките на јавната грижа за деца и млади. По сојузниот округ Долна Австрија, Каринтија се подготвува да спрове- де „семејна групна конференција“ во системот за грижа за деца и млади. Искуствата од Долна Австрија се добро документирани од страна на два истражувачки проекти, и затоа е можно да се извлечат некои заклучоци во однос на тоа што функционира, а што претставува проблем во процесот на имплементација на ваквиот проект. Првите семејни групни конференции веќе започнаа во Каринтија и првите интервјуа со семејства и социјални работници од Центарот за заштита на млади беа реализирани оваа година. Следствено за прв пат имаме можност да ги погледнеме стекнатите искуства. Во рамките на 13-тата Конференција за зедничка соработка, семејната групна конференција што се одржа во Клагенфурт на почетокот на септември со околу 100 учесници од Германија, Швајцарија и Австрија, се дискутираше околу прашањата за неопходни и најефикасни чекори за формална имплементација во Каринтија, и согласно истото беше дефинирана јасна процедура. Главниот проблем во кој било процес на имплементација е парадигматскиот пресврт во ставовите на професионалците, поѓајќи од еден експертски систем а финализирајќи со кооперативно и партиципативно разбирање на семејните ситуации во рамките на заштитата на децата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-02